Esra Kaymak
23 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
ВАШИНГТОН ( АА ) – Американскиот Стејт Департмент, по вчерашните терористички напади во Брисел ги предупреди своите граѓани до 20ти јуни да не патуваат во Европа, јавува Anadolu Agency ( АА ).
Предупредувањето е издадено од таа причина што се планираат нови напади низ Европа, чија цел би биле спортските случувања, туристички места, ресторани и јавен превоз. Американците се предупредени да избегнуваат гужви и јавни превози како и да бидат внимателни додека се наоѓаат на атрактивни туристички локации.
“Им се советува особена претпазливост за време на верските празници и големите фестивали и случувања”, се додадва во извештајот на Стејт Департмент.
Граѓаните се предупредени по бомбашките напади на аеродромот и метрото во Брисел, каде загинаа 34 лица, а 250 лица се повредени. По нападите чија одговорност ја превзеде ДАЕШ, мерките на безбедност во Белгија и повеќето Европски земји се подигнати на максимално ниво.
Откажани се сите социјални настани, затворени се училишта, центри, кина и театри.