Dzihat Aliju
11 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
СКОПЈЕ (АА) – Турската хуманитарна фондација за човекови права, слободи и хуманитарна помош (ИХХ), во текот на трите дена на Курбан бајрам на Западен Балкан и во Источна Европа ќе дистрибуира курбанско месо за кое донирале 819 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
ИХХ, со слоганот „Имајте свој удел во добрината“ во Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, во подрачјето на Санџак и Прешево во Србија, Црна Гора, Романија и Унгарија ќе подели курбанско месо за лицата кои имаат потреба.
Осман Аталај, член на управниот одбор на ИХХ, кој учествуваше во активностите за дистрибуција на курбанско месо во Северна Македонија, за АА рече дека оваа година на пат тргнале со слоганот „Имајте свој удел во добрината“ и дека ќе дистрибуираат курбанско месо до вкупно 90 земји или места во светот.

„Се надевам, во Северна Македонија ќе го дистрибуираме курбанското месо за кое донираа 200 лица. Тоа месо ќе биде распоредено за околу 900 семејства или за деца без родители. Исто така, во таа пригода и ќе си го честитаме празникот Бајрам. Курбанското месо за децата без родители беше дистрибуирано еден ден пред Бајрам“, рече Аталај.
Аталај, истакнувајќи дека во Северна Македонија ќе дистрибуираат курбанско месо донирано од браќата Албанци, Бошњаци, Роми и Турци, рече: „Курбаните во Северна Македонија ги колеме во Студеничани. На првиот ден од Курбан бајрам во попладневните часови ќе ги поделиме во Скопје. На вториот ден од Бајрам во Тетово, а третиот ден во Штип и во источниот дел на Северна Македонија, каде што ќе се сретнеме со семејствата на браќата Јуруци и Роми.“
Аталај истакна дека дистрибуирањето на курбанското месо во Северна Македонија ќе се организира заедно со сестринските локални здруженија „Мерхамет“, „Енсар“, „Влазнија“ и „Калири и Миресис“.
Сулејман Баки, претседателот на здружението „Енсар“, со седиште во Скопје, истакна дека оваа година курбанско месо се дели по 19. пат.
Сулејман Баки, истакнувајќи дека оваа година, со поддршка на бизнис заедницата од Скопје, ИХХ и здруженијата „Садакаташи“ и „Хачкали Баба“ од Турција во Скопје и во источниот дел на земјата ќе дистрибуираат 48 курбани крупен добиток, нагласи: „Им благодариме на лицата и од Скопје и од другите градови кои дадоа средства за да поделиме курбан во нивно име. Воедно им се заблагодаруваме и на пријателите од Турција кои преку фондации нѐ поддржаа, а исто така им го честитаме и Курбан бајрам.“