Stipe Majic
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во изминатите 24 часа во Хрватска има 37 новозаразени лица, а три лица починаа од последиците на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска на прес-конференција извести за новите случаи поврзани со коронавирусот што се регистрирани во Хрватска во изминатите 24 часа.
Началничката на Центарот за кризи при Министерството за здравство, Маја Грба Бујевиќ, изјави дека во Хрватска во изминатите 24 часа имало вкупно 37 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број досега изнесува 1.741. Во тој период се тестирани 897 пациенти, што претставува вкупно 19.256 тестирани лица досега.
На респиратор се 31 пациент, а во последните 24 часа починаа три лица, додека вкупно 437 се излекувани или 58 повеќе излекувани лица во однос на вчера. Во самоизолација се 15.059.
Бројот на новозаразените е намален во однос на вчера, кога имаше 54 новозаразени, а вчера беа забележани двојно повеќе смртни случаи, односно шест.