Abdullah Aşıran
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
РОТЕРДАМ
Во последните 24 часа во Холандија се детектирани 734 лица позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на заразени во оваа земја достигна бројка од 28.153, додека смртноста е зголемена за 189 лица и од почетокот на пандемијата во оваа земја животот го загубија 3.134 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Државниот институт за здравје и животна средина, кој е дел од Министерството за здравство на Холандија, ги претстави ажурираните податоци во врска со Ковид-19 во земјата.
Според овие податоци, во последните 24 часа во земјата во болница се сместени уште 188 лица, со што вкупниот број на пациенти што се наоѓаат на болничко лекување изнесува 9.127.
Во последните 24 часа Ковид-19 е детектиран кај 734 лица и вкупната бројка на заразени во Холандија изнесува 28.153, додека бројот на починати во последните 24 часа се зголеми за 189 лица и изнесува 3.134.
Меѓу детектираните лица позитивни на Ковид-19, 8.000 се медицински персонал, а 306 се деца.