Stipe Majic
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
ЗАГРЕБ (AA) - Во оганот што го отвори полицијата вечерва врз возач на комбе со илегални мигранти полесно се ранети две деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Хрватските медиуми пренесуваат дека полициските службеници на Полициската управа задарска, синоќа отвориле оган од службеното оружје врз возач на комбе кој во возилото криумчарел илегални мигранти, на подрачјето на Полициската станица Доњи Срб.
Настанот во кој две деца се повредени поради полицискиот оган од огнено оружје, а повеќе лица поради опасно возење, се случил доцна во ноќта.
Неофицијално се дознава дека возачот на комбето не сакал да го запре возилото по полицискиот сигнал, поради што полицајците, наводно во самоодбрана, отвориле оган кон возилото.
Возачот на комбето успеал да избега во блиската шума, а полицајците во комбето пронашле 29 илегални мигранти, со тоа што двете ранети деца веднаш се превезени во задарската болница, каде што им е укажана лекарска помош.
Еден дел од полесно повредените поради неприспособеното возење се префрлени во болница на лекување.
Според медиумите, двете деца се надвор од животна опасност, а за деталите од настанот се очекува извештај од хрватското МВР.