Stipe Majic
30 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
ЗАГРЕБ
Утрово во Хрватска почувствувани два нови земјотреси, првиот во 6.15 часот со јачина од 4,9 степени по Рихтер, а вториот се почувствува околу 6.27 часот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМSC), земјотресот кој потресе добар дел од континентална Хрватска во 6.15 часот беше со јачина од 4,9 степени а епицентарот беше кај Петриња на длабочина од 10 километри. Потресување на тлото се почувствува и во подрачјето на Загреб.
Вчера во земјотресот со јачина од 6.2 степени по Рихтер смртно страдаа седум лица, а градот Петриња е оштетен.