Gorana Jakovljevic
29 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа во Република Хрватска регистрирани се 377 нови случаи на зараза со коронавирус (Ковид-19), а од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загуби едно лице, известува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска, бројката на активни случаи денес изнесува 3.331. Меѓу активните случаи 391 заразен се наоѓаат на болничко лекување, од кои 51 пациент се на респиратор.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на зараза со Ковид-19 во Хрватска досега, детектирани се 373.191 случај на зараза со коронавирус, од кои животот го загубија 8.325 заразени. Вкупниот број на оздравени лица изнесува 361.535, од кои 479 оздравеа во последните 24 часа.
Во самоизолација во моментов се наоѓаат 7.404 лица. Досега во Хрватска на Ковид-19 се тестирани 2.530.602 лица, од кои, 9.570 во последните 24 часа.
Заклучно со 28 август, дадени се 3.257.094 дози вакцини, при што вакцинирани се 42,36% од населението на Хрватска, односно 50,88% од возрасната популација.