Ekip
29 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
ЊУ ДЕЛХИ
Индија ја продолжи забраната за спроведување на сите редовни меѓународни патнички летови до крајот на септември поради пандемијата на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според новата одлука на Генералниот директорат на цивилното воздухопловство на Индија, забраната за летови не се однесува на експлицитно одобрени меѓународни карго операции и летови, а надлежното тело може, од случај до случај, да дозволи меѓународни редовни линии на избрани релации.
Меѓународните патнички услуги во Индија се запрени во март 2020 година.
Во моментов, летовите на разни меѓународни линии се спроведуваат според посебни договори.
Утрово Министерството за здравје на Индија објави дека во последните 24 часа се регистрирани 45.083 лица позитивни на Ковид-19, а во истиот период животот го загубиле 460 заразени.
Вкупниот број на регистрирани случаи на заразеност со Ковид-19 во Индија изнесува 32.695.030, од кои животот го загубиле 437.860 лица.
Во Индија досега се дадени 630 милиони дози од вакцините против коронавирусот.