Stipe Majic
09 Октомври 2020•Ажурирај: 10 Октомври 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 457 нови случаи на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 2.438“, соопшти Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска.
Меѓу нив се 385 пациенти на болничко лекување, а на респиратор се наоѓаат 28 пациенти. Починаа 3 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на коронавирусот во Хрватска, евидентирани се вкупно 19.446 лица заразени со новиот тип коронавирус, од кои 313 починаа. Вкупно оздравеа 16.695 лица, од кои 222 во последните 24 часа“, се наведува во соопштението.
Во самоизолација се наоѓаат 11.729 лица.
До денеска се тестирани вкупно 348.950 лица, од кои 4.417 во последните 24 часа.
Вчера во Хрватска беше забележан рекорден број од 542 нови случаи на вирусот.