Nuri Aydın,Mehmet Şah Yılmaz
09 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
АНКАРА
Пандемијата на новиот вид коронавирус, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, за кус период се прошири низ 200 земји и региони во светот, по што со Ковид-19 во светот се заразија 36.763.783 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот, досега од последици предизвикани од заразување со коронавирусот, животот го загубија 1.066.984 заразени.
Додека вкупниот број лица кај кои е детектиран коронавирусот изнесува 36.763.783, досега оздравеа 27.674.468 лица. Покрај тоа, во моментов продолжува лекувањето на 8.022.331 лица заразени со коронавирусот.
Најголем број случаи на заразени и починати се регистрирани во САД, каде што досега се регистрирани 7.833.763 лица позитивни на Ковид-19, додека од последици на заразување со вирусот, животот го загубија 217.738 лица.
Земји од светот во кои, покрај САД, бројката на заразени со вирусот надминува 300.000, се:
Индија (6.906.151), Бразил (5.029.539), Русија (1.260.112), Колумбија (886.179), Шпанија (884.381), Аргентина (856.369), Перу (838.614), Мексико (804.488), Јужноафриканска Република (686.891), Франција (671.638), Велика Британија (561.815), Иран (488.236), Чиле (476.016), Ирак (394.566), Бангладеш (374.592), Италија (338.398), Саудиска Арабија (338.132), Филипини (331.869), Турција (330.753), Индонезија (320.564), Пакистан (317.595) и Германија (315.514).
Земји во светот во кои, покрај САД, бројката на смртни случаи надминува 10.000, се:
Бразил (149.034), Индија (106.521), Мексико (83.096), Велика Британија (42.592), Италија (36.083), Перу (33.098), Шпанија (32.688), Франција (32.521), Иран (27.888), Колумбија (27.331), Аргентина (22.710), Русија (22.056), Јужноафриканска Република (17.408), Чиле (13.167), Еквадор (12.141), Индонезија (11.580) и Белгија (10.126).