Alma Dekovic
03 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
ХЕРЦЕГ НОВИ (АА) - Во пределот на Жвиње над Херцег Нови во Црна Гора денес избувна пожар околу 11 часот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми пренесоа дека пожарот избувнал на подрачје каде што се наоѓаат голем број вили и викендички, но објектите не се загрозени.
Од Службата за заштита и спасување за локалните медиуми потврдија дека пожарот го предизвикало невнимателно палење оган на отворено.
Пожарот го проширил ветрот и сувата вегетација, што го отежнува гаснењето на огнот.
Од Службата за заштита и спасување на Херцег Нови соопштија дека половината од противпожарните екипи се ангажирани во гаснењето на пожарот.