Andrew Jay Rosenbaum
26 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Соборувањето на рускиот борбен авион од страна на Турција во вторникот може да ги затегне блиските економски врски помеѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Кога Русија за прв пат го наруши турскиот воздушен простор во октомври, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, предупреди дека руските упади во турскиот воздушен простор може да го загрози огромниот извоз на гас на Москва како и договорите за изградба на нуклеарна централа.
„Ние сме најголем потрошувач на природен гас од Русија. Губењето на Турција како таква би било сериозна загуба за Русија. Доколку е потребно, Турција ќе купува природен гас од многу други места“, рече Ердоган.
Други области од турско-руската соработка ќе бидат исто така загрозени. Русија е втор по големина трговски партнер на Турција, со над 32,7 милијарди долари годишна трговска размена, според руската владина статистика. Русија внесува 4,3 отсто од турскиот извоз во вредност од 7,1 милијарди долари.
Туризмот, прехрамбената индустрија, градежништвото и странските директни инвестиции би можеле да настрадаат доколу турско-руската трговија биде ставена под ограничувања.
Во средата, законодавците од двата дома на рускиот Парламент испратија официјално барање до руската „Росавијација“ да го затвори целиот воздушен сообраќај со Турција.
Туркиш Ерлајнс е најголемиот странски авиопревозник во Русија, пренесувајќи приближно 1 милион патници кон и од Русија, според статистиките на компанијата.
Рускиот министер за надворешни работи, Лавров, во вторникот им порача на граѓаните да не патуваат во Турција, велејќи дека заканата од тероризам таму е голема колку и во Египет, каде што минатиот месец беше соборен руски патнички авион.
Руските туристички организации исто така предложија суспензија на туристичките пакети за Турција. Руските туристи се на второ место по бројност во Турција, веднаш по германските, според статистиката на турската влада, со околу 4,4 милиони руски туристи во 2014 година.
Турција е една од најважните снабдувачи со прехрамбени и земјоделски продукти на Русија, со вредност на промет од 1,68 милијарди, според статистиката за минатата година.
Кога Западните сили наметнаа санкции врз Русија поради нејзините воени акции во Украина во 2014 година, Русија се одмазди со рестрикции во увозот на храна од ЕУ и другите земји од Западот. Рестрикциите создадоа големи можности за Турција и Латино-американските држави како Бразил.
Турција е една од најголемите купувачи на руската пченица. Во периодот од јуни 2014 година до јуни 2015 година, земјата купила 4,1 милиони тони руска пченица.
За рускиот пазар, исто така, придонеле 16,9 отсто од меѓународните договорни проекти изведени од страна на турските фирми во 2014 година, покажуваат податоците на Централната банка на Турција.
Скоро 10 отсто од вкупните странски директни вложувања во Турција во минатата година дошле од Русија, според централната банка.
Но, енергијата е најважната област на размена помеѓу двете земји.
„Турција купува приближно 30 милијарди m3 гас од Русија, секоја година, а оваа година се очекува „Газпром“ да заработи околу 9 милиони долари од неговата продажба на Турција“, напиша во изјава објавена вчера, главниот аналитичар на Природен Гас Европа.
Рускиот „Русатом“ веќе потрошил околу 3 милијарди долари за развој на 22 милијарди вредниот нуклеарен проект, кој го финансира Русија.
Државниот „Росатом“ потпиша договор за изградба на вкупно четири 1.200 MW реактори во Турција.
Друг голем заеднички проект е развојот на нов гасовод во Турција, планираниот проект „Турски Поток“ кој ќе носи 31,5 милијарди 3 гас годишно.
Засега, нема официјална промена во економските врски помеѓу двете земји.