Gülşen Çağatay,Övünç Kutlu
03 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турската нафтено-гасоводна корпорација (BOTAS) и катарската национална нафтена компанија денес потпишаа меморандум за разбирање за снабдување со течен гас, јавува Anadolu Agency (АА).
Според турското Министерство за енергија и природнин ресурси, договорот вклучува регуларно снабдување со течен гас од Катар.
Вкупната потрошувачка на течен гас на Турција изнесува вкупно 55 милијарди метри кубни. Земјата увезува 8,4 отсто од течниот гас од Алжир а 2,8 отсто од Нигерија.
Количината на договорената испорака на течен гас не е прецизирана засега и деталите ќе бидат конкретизирани во долгорочниот договор.
Kатар и оваа година е најголем извозник на течен гас во светот, според Светскиот Извештај за течен гас за 2015 година објавен вчера од страна на Internacional Gas Union.
Девет последователни години Катар е најголем светски извозник на течен гас со 76,8 милиони тони извезен течен гас во 2014 година.
Катарскиот извоз на течен гас сочинува 1/3 од вкупните 241,1 милиони тони залихи на течен гас, се вели во извештајот.
Скоро 70 отсто од течниот гас Катар го извезува на азискиот пазар а најголеми увозници се Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Кина.