Ekipa
02 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Стапката на невработеност во Германија во октомври падна на 5,4 отсто, бидејќи плодниот пазар на труд во најсилната европска економија го искористи традиционалниот есенски пораст на вработеноста, се наведува во официјалните податоци објавени денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за вработување на Германија соопшти дека бројот на лицата кои се невработени во изминатиот месец изнесувал 2,389 милиони. Тоа значи дека бројот за првпат паднал под 2,4 милиони лица, уште од обединувањето на Германија во 1990 година.
Се додава дека во однос на септември има 60.000 лица помалку без работен однос, а дури 151.000 помалку отколку во октомври минатата година.