Ayhan Şimşek
19 Август 2022•Ажурирај: 20 Август 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот регулатор на енергетската мрежа предупреди на недостиг на гас оваа зима и призна дека целта на Владата да го зголеми капацитетот за складирање на 95 отсто до 1 ноември е недостижна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на државниот регулатор Бундеснетцагентур, Клаус Милер, за порталот „т-онлајн“ изјави дека потрошувачката на гас значително ќе се зголеми наесен, што ќе го отежне постигнувањето на целите поставени од Владата.
„Мислам дека нема да можеме да ги исполниме следните цели за складирање толку брзо како првата. До 1 октомври да достигнеме 85 отсто не е невозможно, но е многу амбициозно, бидејќи ќе се грееме на гас. Во сите сценарија ја пропуштаме целта за 95 отсто пополнетост на складиштето до 1 ноември. Тешко дека ќе успееме да го постигнеме тоа“, рече тој.
Германската Влада почна да спроведува итни планови минатиот месец за да заштеди гас за претстојната зима, поради загриженоста дека Русија може целосно да го прекине снабдувањето со Европа.
Германија има околу 23 милијарди кубни метри резерви на гас, а сегашното ниво на искористеност изнесува 77 отсто.