Merve Berker
19 Август 2022•Ажурирај: 21 Август 2022
АНКАРА (АА) - Брод кој носи над 11.700 тони пченка од Украина стигна до својата дестинација во Туркије, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бродот „Фулмар С“ под знамето на Барбадос се закотви во Алсанџак, на пристаништето во Егејското Море во западната провинција Измир.
Тој исплови од Черноморск на 13 август и е еден од над дваесетината бродови кои беа во можност да заминат од украинските пристаништа под историскиот договор за извоз на жито потпишан во Истанбул минатиот месец.
„Бродот долг 139 метри ќе биде на турското пристаниште најмалку три дена за релевантни проверки и за истоварање на својот товар од 11.730 тони пченка“, соопшти Министерството.
Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор на 22 јули за обновување на извозот на жито од украинските пристаништа Јужни, Черноморск и Одеса, кои беа затворени поради тековната војна, која трае веќе шест месеци.
Заедничкиот координативен центар со претставници од трите земји и ОН беше формиран во Истанбул за да ги надгледува испораките.