Bekir Gürdamar
30 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Глобалните пазари, кои изминатата недела имаа позитивен биланс, во неделата што претстои се фокусираа кон Централна банка на САД (Fed), состаноците на останатите централни банки и развојот на ситуацијата во Шпанија, Ирак и во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Глобалните пазари изминатата недела, врз основа на објавените макроекономски податоци кои генерално се подобри од очекуваните, имаа позитивен биланс по заткулисните приказни што се појавија околу именувањето на новиот претседател на Централната банка на САД од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп. За неделата што претстои, аналитичарите сметаат дека покрај исчекувањето за тоа кој ќе биде именуван за нов претседател на Централната банка на САД, треба да се следат и одлуките централните банки на Јапонија и на Англија, кои имаат големо значење врз пазарот, како и да се следи развојот на ситуацијата во Шпанија, Ирак и во Сирија.
Аналитичарите сметаат дека една од главните теми оваа недела ќе биде развојот на настаните во Ирак, откако Месут Барзани, претседател на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак (IKBY), изјави дека по завршувањето на неговиот мандат на 1. ноември, нема да продолжи да ја извршува својата функција, ниту сака да го продолжи мандатот. Според аналитичарите, потребно е и да се следат случувањата во Каталонија.
По прогласувањето независност, шпанската Влада го разреши претседателот на автономната покраина Каталонија, Карлес Пучдемон. Изјавата на Пучдемон дека не ги признава одлуките донесени од централната шпанска власт и оти ќе продолжи да работи за создавање слободна земја, според експертите формира перцепција за можна криза во Шпанија.
Во петокот беа објавени податоците за раст во САД, според кои, во третиот квартал се постигнати резултати поголеми од очекуваните 3 отсто. Тоа предизвика индустрискиот индекс Дау Џоунс да добие на вредност за 0,14 отсто, индексот на „S&P“ (Стандард и Пурс) 500 0,81 отсто и индексот на „NАSDAQ“ (НАСДАК) за 2,20 отсто, со што е урнат рекордот на неделното затворање на берзата.
Од европска страна, покрај кризата во Шпанија и постоечката загриженост околу Брегзит, одлуките на Европската централна банка (ECB) беа причина за пад на паритетот евро/долар за 1,45 отсто. Падот на еврото позитивно се следеше од пазарот, на којшто, генерално, трансакциите беа насочени кон купување. Во петокот, зголемување забележаа индексот „DAX“ во Германија, за 0,64 отсто, во Франција индексот „CAC“ 40 0,71 отсто и индексот „FTSE 100“ во Англија, за 0,25 отсто. Индексот „IBEX 35“ во Шпанија забележа пад од 1,45 отсто.
Денешните податоци за продажба на мало во Јапонија се во очекуваните рамки од затворањето минатата недела. Индексот „Nikkei 225“ (Никеј 225) во Јапонија е без промени, а обединетиот индекс на Шангај во Кина забележи пад од 0,9 отсто.
Турскиот индекс „BIST 100“ забележа раст од 0,51 отсто.
Аналитичарите сметаат дека информациите според коишто Трамп за нов претседател на Централната банка на САД ќе го постави Џером Пауел, ги зголемуваат апетитите за ризик на глобалните пазари. Според нив, инвеститорите ова недела ќе бидат фокусирани кон изјавите на претседател Трамп, одлуките на централните банки, вработувањата во САД вон земјоделието и на инфлациите во земјите.