Admir Fazlagic
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на туристите во февруари 2016 година изнесува 32 467, а бројот на ноќевањата изнесува 72 385, пренесува Anadolu Agency (AA).
"Бројот на туристите во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемен за 9.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16.2%", се вели во соопштението на Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Исто така, во споредба со минатата година од овој период, зголемен е и бројот на домашните и странските туристи.
"Бројот на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемен за 17.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемен за 19.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.9%" , стои во соопштението.
Во периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, според податоците на ДЗС бројот на туристите е зголемен за 12.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 16.0%, а кај странските има зголемување за 11.0%.
Во периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 24.2%, а кај странските има зголемување за 13.8%.