Aysu Biçer
21 Септември 2022•Ажурирано: 23 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Индексот на американскиот долар денеска достигна највисоко ниво во последните 20 години, со проценките на Федералните резерви на САД (неформално Фед) и прогласувањето делумна воена мобилизација од страна на рускиот лидер Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).
По објавувањето, индексот достигна над 110,65, веќе поддржан од очекувањата дека Федералните резерви ќе донесат уште едно зголемување на каматната стапка од 75 базични поени.
Од март, Федералните резерви направија зголемување на каматните стапки од вкупно 225 базични поени во борбата против инфлацијата што достигна највисоко ниво во последните 40 години.
Според рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, ќе бидат повикани до 300 илјади резервисти да се мобилизираат во војната против Украина.