Ata Ufuk Şeker
21 Септември 2022•Ажурирај: 22 Септември 2022
БРИСЕЛ (АА) - Менаџерите на продавниците во Белгија одлучија од 1 октомври да ги исклучат светлата на излозите и да го намалат греењето за да заштедат електрична енергија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Федерацијата на деловни претпријатија на Белгија (Comeos) соопшти дека поради енергетската криза ќе бидат спроведени нови мерки за штедење под наслов „Одговорна трговија“.
Според утврдените мерки, од 1 октомври, супермаркетите, продавниците за облека, салоните за убавина, продавниците за електроника, продавниците за градежништво и украси, продавниците за играчки и книжарниците ќе ја намалат потрошувачката на енергија.
Илјадници продавници во земјата осветлувањето во излозите и внатрешното осветлување ќе го исклучат еден час по завршување на работното време.
Продавниците ќе го ограничат греењето на внатрешните простории на 19 степени.
Покрај тоа, влезовите на продавниците ќе бидат затворени за да се спречи загубата на топлина.
Споменатите мерки за штедење нема да ги опфатат рестораните и кафулињата во земјава.
Белгиската Влада одлучи да го исклучи осветлувањето во јавните згради во периодот од 19 до 6 часот, а просториите ќе можат да се греат до максимални 19 степени.