Meiramgul Kussainova
27 Февруари 2023•Ажурирај: 02 Март 2023
АСТАНА (АА) - Казахстан соопшти дека во првата фаза испорачал 20.000 тони нафта во Германија, пренесува Анадолу.
Според соопштението на Националната компанија за транспорт на нафта на Казахстан (KazTransOil), на 25 февруари 20.000 тони казахстанска нафта биле испратени до нафтениот терминал Адамова Застава на полската граница за извоз во Германија.
Во соопштението се вели дека нафтата била испумпана во цевководите на руската компанија за транспорт на нафта и гас „Транснефт“ за нејзино пренесување до терминалот Адамова Застава.
Во соопштението се нагласува дека „КазТрансОил“ се договорил со „Транснефт" да транспортира 1,2 милиони тони казахстанска нафта во Германија, на истата рута, во 2023 година.
Инаку, „КазТрансОил“ претходно соопшти дека планираат да испратат 300 илјади тони нафта во Германија во првиот квартал од оваа година.
Претходно, германската страна разговараше со Владата на Казахстан за стабилно снабдување со казахстанска нафта на нафтената рафинерија „Швет“ во источна Германија преку нафтоводот „Дружба“.