Seyit Aydoğan
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
ОТАВА (АА) - Шефот на канадската дипломатија Стефан Дион објави дека Канада ќе ги укине санкциите кои пред четири години ги воведе Иран, јавува Anadolu Agency (АА).
Дион, на седницата на канадскиот парламент во говорот пред пратениците најави укинување на санкциите против Иран.
"Канада ќе ги укине санкциите, но Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје", изјави Дион.
Дион, рече дека владата на Канада и понатаму ќе го задржи истиот степен на недоверба кон режимот кој не е пријателски кон нејзините сојузници, вклучувајќи го и Израел.
Тој не прецизираше рокови ниту процедурите за укинување на санкциите кон Техеран, а рече дека повторното отворање на Канадската Амбасада во Иран нема да биде првиот чекор. Амбасадата затворена во 2012 година, кога Канада воведе санкции кон Иран.
На критиките на опозицијата за продажба на авионот на Иран од страна на канадската компанија Бомбардиер, Дион, рече дека го продава и Боингпт, па зошто да не и Бомбардиер.