Firdevs Yüksel
19 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
ПЕКИНГ (АА) - „Кина се стреми да стане лидер во нуклеарниот енергетски сектор со тоа што до 2030 година планира да изгради 110 нуклеарни реактори“, се вели во извештајот на Фондацијата Карнеги за меѓународен мир, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјата која стана синоним за брзите железнички линии, брзите суперкомпјутери, проектот за меѓународна вселенска станица и квантната комуникациска технологија, последниве години, исто така, покажа брз развој во областа на нуклеарната енергија.
Според информациите собрани од Anadolu Agency, Кина својот прв нуклеарен енергетски реактор го стави во употреба во 1991 година и започна да генерира електрична енергија со конструкција на три реактори во период меѓу 1991 и 2000 година. Подоцна, во период од 2000 до 2010 година изгради десет реактори и повеќе од 30 нуклеарни реактори во периодот од 2010 до 2018 година.
Со изградбата на нови нуклеарни реактори, Кина го зголеми својот инсталиран капацитет за нуклеарна енергија и стана третата најголема земја со вкупен инсталиран капацитет, по САД и Франција.
Според Меѓународната агенција за атомска енергија, Кина има 44 нуклеарни оперативни реактори на сопствена трева, 13 реактори во изградба и 455 реактори што работат во 31 земја.
Агенцијата покажува дека Кина во моментот генерира 3,96 отсто електрична енергија од нуклеарната енергија, која се очекува да надмине 40 гигавати од капацитетот до крајот на 2018 година.
До 2020 година, со пуштањето во употреба на планираните реактори, земјата се стреми кон капацитет на генерирање електрична енергија од 50 гигавати.
- Соработка за нуклеарна енергија со другите земји -
Земјата, исто така, ја проширува соработката со другите земји како што се Кина, Пакистан, Аргентина, Саудиска Арабија, Гана и САД, со извезување на својата технологија за нуклеарна енергија.
Во мај 2017 година, Кина склучи договор со Аргентина во вредност од 15 милијарди долари, за изградба на два реактора во земјата. Според договорот, „China National Nuclear Corporation“ (CNNC) и „Nuclearelectrica“, која е во државна сопственост на Аргентина, заеднички ќе го спроведат проектот.
Пакистан, исто така, е уште еден примател на технологијата за нуклеарна енергија со плановите на Кина за изградба на нуклеарна централа. Во 2017 година меѓу CNNC и „Pakistan Atomic Energy Commission“ (PAEC) беше потпишан договор за изградба на реактор од 1.000 мегавати во нуклеарната централа „Чашма“ во Пунџаб.
Покрај тоа, земјата во 2015 година со Велика Британија потпиша договор за инвестирање во нуклеарна енергија вреден 62 милијарди долари. Според договорот, кинеската Генерална нуклеарна корпорација ќе земе една третина од уделот во планираната нуклеарна централа „Хинкли поинт C“ во Велика Британија.
- Кина во Турција ќе изгради трета нуклеарна централа -
Кина има намера да го реализира проектот за изградба на трета нуклеарна централа во Турција, користејќи ја својата трета генерација технологија за нуклеарна централа, реакторот „CAP1400“.
Во 2016 година, двете земји потпишаа Меморандум за разбирање (MoU) за соработка во секторот за нуклеарна енергија.
Меморандумот за разбирање, потпишан помеѓу турското Министерство за енергетика и природни ресурси и кинеската Национална енергетска администрација (НЕА), вклучува заеднички развој на нуклеарната технологија и соработка, додека преговорите за реализација на електраната во турскиот регион Тракија се во тек.
За време на посетата на Турција минатата недела, претставникот на кинеската Влада и заменик-министер за надворешни работи, Ли Јучинг, рече дека кинеската НЕА преговара со турските колеги за текстот на меѓувладиниот договор за соработка за третата електрана.