Ata Ufuk Şeker
25 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
БРИСЕЛ (АА) – Поради донесените реформи, Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) го одобри за користење делот од 2,8 милијарди евра во рамките на програмата за спасување на Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
- Европски механизам за стабилност (ЕМС) -
ЕМС е формиран за финансиска поддршка на европските држави кои имаат финансиски проблеми. Тој излезе со соопштение дека го одобри за користење делот од 2,8 милијарди евра на Грција.
Претседателот на ЕМС, Клаус Реглинг, во врска со темата истакна дека на Грција ѝ е одобрен кредитот за користење, поради непрекинатото спроведување на реформите.
„Грчката Влада постигна важни моменти со пензиските реформи, банкарскиот менаџмент, енергетскиот сектор и администрацијата на приходите. Исто така, направи дополнителни чекори во делот на функционирањето на новите приватизации и инвестициските фондови“.
Реглинг понатаму забележа дека доколку Грција во континуитет ги спроведува договорените реформи, следната година тој очекува забрзување на економскиот раст во Грција, и во тој случај може да ѝ се вратат државните обврзници на грчката Влада.
Досега Грција доби поддршка од 31,7 милијарди евра, од вкупно 86 милијарди предвидени во програмата за спасување.