Merve Özlem Çakır
01 Март 2021•Ажурирај: 02 Март 2021
АНКАРА
Заводот за статистика на Република Турција соопшти дека оваа земја во текот на минатата година остварила економски раст од 1,8 отсто во однос на претходната година и тоа покрај пандемијата на Ковид-19, која предизвика големи пречки на глобалната здравствена и економска сцена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението исто така се наведува дека Турција во последниот квартал во 2020 година остварила економски раст од 5,9 отсто, што го покажува брзиот тренд на закрепнување од последиците на пандемијата.
Министерот за трезор и финансии на Турција, Лутфи Елван, на социјалната мрежа Твитер напиша дека Турција е меѓу ретките земји кои во екот на пандемијата успеале да ја завршат годината со економски раст.
Тој наведе дека главна цел на Турција е во текот на 2021 година да оствари стабилност на цените на пазарот.
„Со политиката за борба против инфлацијата ќе го отвориме патот за уште посилен замав на инвестиции, производство и економски раст“, порача Елван.