Dzihat Aliju
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) – ЏИХАД АЛИУ – Халкбанк Скопје, која на македонскиот банкарски пазар влезе 2011 година, со својот млад и способен кадар и технолошка инфрастуркура, успешно напредува во давањето услуги на своите клиенти.
Главниот извршен директор на Халкбанк Скопје, Неџдет Палакчи, во разговор за АА зборуваше за работата на оваа банка во Македонија, успесите, достигнувањата и идните планови.
Истакнувајќи дека Халкбанк Скопје на македонскиот пазар влезе во 2011 година и оттогаш секој ден се развива во континуитет, директорот Палакчи ги издвои најважните податоци за банката со која раководи.
„Вo Mакедонија, бројот на нашите филијали го зголемивме од 17 на 34, бројот на вработени е зголемен од 200 на 440 и за првпат успеавме главницата на нашите средства од 200 милиони евра, да ја надмине вредноста од половина милијарди евра“.
- Од банка во загуба до банка со добивка -
Директорот Палакчи соопшти дека успеале, банката која работела со загуба да ја претворат во банка која работи со добивка. Халкбанк секоја година вложува во технологијата и човечките ресурси и задоволните клиенти ја издигнаа на највисоко ниво. Тој истакна дека е горд на фактот што во Македонија, Халкбанк на секое ќоше има свои филијали, во кои младиот и љубезен персонал им излегува во пресрет на клиентите.
Палакчи посочи дека банката продолжува да го зголемува својот удел на пазарот, како на индивидуален така и на институционален план, истакнувајќи дека тој, но и целиот персонал се горди што кај граѓаните постои доверба во банката чиј директор е тој.
„Од денот кога се појавивме во Македонија, рековме дека ќе бидеме банка за секого и продолжуваме по тој пат. Горди сме што во Македонија најмогу ѝ се верува на нашата банка, таа е најпосакуваната банка и е една од најпочитуваните институции во земјава“, истакна Палакчи.
- Даваме значење на општествената одговорност -
Високото ниво на општествена одговорност е една од специфичните карактеристики на Халкбанк, која се обидува да даде свој придонес во сите проекти корисни за општеството.
„Истовремено свесни сме за општествената одговорност која што ја имаме. Во тие рамки, нашата банка е официјален спонзор на кошаркарската репрезентација на Македонија. Во соработка со Институтот „Јунус Емре” спроведовме неколку проекти во кои ги опфативме традиционалните занаети во Македонија кои се пред изумирање и за тие потреби од Турција доведовме истакнати професори, бевме нивни домаќини и организиравме одлични курсеви, од кои посетителите на обуките многу научија“ наведе директорот Палакчи, кој меѓу другото укажа и на фактот дека токму Халкбанк со своето постоење и начин на работење во Македонија придонесе голем број на компании од Турција да инвестираат во Македонија.
„Поради големиот број атрактивни можности кои ги нуди, Македонија е идеално место за турските инвеститори. Нашиот тим е подготвен во секое време, да ги угости турските фирми, да им излезе во пресрет во било која фаза и да им ја даде потребната помош“, изјави директорот Палакчи.
Тој во интервјуто соопшти дека неговата 4,5 годишна мисија во Халкбанк Скопје привршува и со мирна совест одговорноста за банката ќе ја предаде на младата и успешна екипа. Палакчи порачува дека ќе ги отвори своите едра и со радост и нетрпение ги очекува новите обврски во Халкбанк во Турција.
Меѓу другото, во интервјуто за АА, Палакчи се остврна и на човечките ресурси на Халкбанк Скопје, за кои зборуваше во суперлатив, потенцирајќи дека пред вработените е светлата иднина.
„Од 440 вработени половината се млади лица кои се вработени последниве 4,5 години. Тоа се лица кои имаат одлично познавање од странски јазици, дури некои наши вработени извонредно ги владеат македонскиот, англискиот, турскиот и албанскиот јазик. Од нив бараме да се развиваат на секое поле, да прашуваат, да имаат напредни идеи и да бидат позитивни. Сметаме дека банката, од аспект на нивните кариери, ќе им овозможи извонредна средина за нивен натамошен напредок. Се надевам дека тука ги чека многу светла иднина“, истакна Палакчи.
Халкбанк Скопје на македонскиот пазар влезе во 2011 година, откако ја откупи ИК банка, формирана 1993 година. Халкбанк Скопје, според македонските закони е независна банка, чии 99 отсто од акциите се во сопственост на Халкбанк Турција.