Gökhan Ergöçün
05 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Платформата за онлајн плаќање „Пејпал“ (PayPal) денес ги прекина своите услуги во Русија, наведувајќи ја како причина војната во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што јави руската државна новинска агенција ТАСС, извршниот директор на Пејпал, Ден Шулман, порачал: „Компанијата стои покрај меѓународната заедница во осудата на воената операција во Украина.“
Многу земји, особено членките на Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД), најавија санкции за руската економија, а големите компании исто така го прекинаа своето работење во земјата, меѓу кои и Фолксваген, ИКЕА, Х&М и Сименс.
Според податоците на ОН, најмалку 331 цивил се убиени, а 675 се повредени во Украина од почетокот на руските напади.
Над 1,2 милиони луѓе пребегаа од Украина во соседните земји, според Агенцијата за бегалци на Обединетите нации.