Emre Gürkan Abay
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Продажбата на автомобили во Русија во мај е намалена за 83,5 отсто во однос на истиот период минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на Европската бизнис-асоцијација (AEB) наведено е дека до драстично намалување во работата на автомобилската индустрија во Русија дошло поради актуелните санкции што се воведени поради војната во Украина.
Според извештајот, продажбата на автомобили во Русија во мај е намалена за 83,5 отсто во однос на истиот период во 2021 година.
Од друга страна, рускиот произведувач „Автоваз“ соопшти дека е забележан пад на продажбата за 84 отсто.
Продажбата на возилата од марката Фолксваген и Волво е намалена и до 96 отсто.
Многу глобални компании од автомобилската индустрија соопштија дека ги запреле своите активности во Русија поради војната во Украина.