Aysu Biçer
22 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Руската централна банка ја намали основната каматна стапка за 150 базични поени на 8 отсто во јули, што е спротивно на предвидувањата дека каматите ќе бидат намалени за 50 базични поени, известува Агенција Анадолија (АА).
„Надворешното опкружување за руската економија останува предизвикувачко и значително ја ограничува економската активност“, вели банката на Русија во соопштението.
Сепак, се вели дека падот на деловната активност е побавен отколку што банката очекувала во јуни.
„Моменталните стапки на порастот на потрошувачките цени остануваат ниски, придонесувајќи за дополнително забавување на годишната инфлација“, се истакнува во соопштението.
Во јуни, годишната инфлација на Русија беше намалена на 15,9 проценти, откако во мај изнесуваше 17,1 процент.
Според прогнозата на Централната банка, годишната инфлација ќе се намали на 12 - 15 проценти во 2022 година, на 5 - 7 проценти во 2023 година и ќе се врати на 4 проценти во 2024 година.