Firdevs Yüksel
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Цените на нафта на светскиот пазар паднаа поради загриженоста околу глобалната побарувачка на нафта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Стравот од глобално економско забавување и понатаму ја поттикнува загриженоста за намалување на побарувачката на енергенти.
Меѓународната референтна цена на нафтата од типот брент изнесува 97,41 долар по барел по падот на цената за 0,99 отсто, по затворањето на претходната сесија кога цената изнесуваше 98,38 долари по барел.
Американската референтна вредност „Вест Тексас интермедиејт“ (WTI)“, по падот на цената се тргуваше по цена од 93,70 долари по барел.
Пазарите се во исчекување на одлука од Федералните резерви на Соединетите Американски Држави (Fed) за монетарната политика која ќе биде објавена во среда.
Додека макроекономските податоци објавени ширум светот покажуваат дека веќе се појавуваат знакови на рецесија во многу економии, очекувањата дека порастот на каматните стапки ќе ја забави глобалната економија и ќе ја ослабне побарувачката за нафта, дополнително ги потиснува цените на нафтата.