Agim Sulaj
20 Август 2019•Ажурирај: 21 Август 2019
ПРИШТИНА (АА) - Министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши и министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, се сотанаа во Пришина, јавува Anadolu Agency (AA).
На заедничката прес-конференција одржана по состанокот, кој траеше околу 2 часаи се одржа во просториите на Министерството за трговија и индустрија на Косово, двајцата министри истакнаа дека донеле одлука за отстранување на царинските мерки меѓу двете земји.
Косовскиот министер Шала рече дека тоа ќе се случи до крајот на оваа недела.
„Се согласивме до крајот на оваа недела, нашата Агенција да ги исполни своите обврски и потоа Агенцијата за ветеринарство на Северна Македонија да ја отстрани бариерата со Република Косово“, додаде тој.
Шала истакна дека по овој чекор, исто и Косово ќе ја отстрани мерката поставена кон производите од Северна Македонија.
Министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши, нагласи дека мерката не била донесена само за Косово, туку за сите земји кои не спроведуваат активен мониторинг, што се однесува до икрата.
„Се согласивме со министерот Шала за во наредниот период Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Косово да ја имплементира или подготви програмата што се однесува на активен мониторинг за претходно наведените производи, и во тој момент кога Агенцијата за храна и ветеринарство ќе докаже дека започнува со спроведување на програмата, сугирно дека ние како Влада или Агенција во рамки на Северна Македонија ќе го дозволиме увозот на ваквите производи во нашата земја“, рече Бектеши.
Бектеши истакна дека Северна Македонија очекува во септември да ги започне преговорите со Европската Унија (ЕУ), а биле должни да ги имплементираат овие мерки бидејќи добиле конкретни обврски.
Северна Македонија ја донесе одлуката за спречување на експортот на икри од Косово на 20 јуни. По неколкуте предупредувања без резултат од Косово, министерот Шала на 16 август донесе одлука за спречување на извозот на мед и компири од Северна Македонија.