Yunus Girgin
02 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - За време на пандемијата, деловните субјекти реализираа повеќе инвестиции во технологијата, кои претходно ги одложија, изјави претседателот на технолошка фирма со седиште во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Инвестициите во технологијата се зголемија за време на пандемијата, нагласи Халдун Пак, челникот на „Расјотек“, истакнувајќи дека се случила клучна технолошка трансформација во финансискиот, малопродажниот и во здравствениот сектор.
„Многу традиционални методи на работа во овој период се напуштени и заменети со технолошки алтернативи. За наредниот период, оваа промена ја поведе и дигитализацијата по еден незапирлив пат“, рече тој.
Истакнувајќи дека добиле позитивни резултати од дигиталната трансформација поттикната од пандемијата, Пак рече: „Од првите месеци на 2020 година, бројот на нашите клиенти значително се зголеми до 30 отсто“.
Тој додаде дека дигитализацијата мора да биде јавна политика за една голема технолошка трансформација.
„Креиравме портал со инвестиција од над 10 милиони турски лири (1,28 милиони долари) што овозможува менаџирање со сите деловни процеси од еден канал“, рече Пак.
Истакна дека Супер порталот овозможува управување со деловните процеси на разни јавни институции и обезбедува ефикасно користење на инвестициските стимуланси.
„Креирање на портал како платформа за дигитално решение за приватниот сектор е нашата долгорочна цел“, додаде челникот на „Расјотек“.