Jeyhun Aliyev
03 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
СИРТ/АНКАРА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 5.0 степени според Рихтер утринава беше забележан во турската југоисточна област Сирт, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Потресот се случи на длабочина од 14,02 километри во областа Курталан во 08:45 часот по локално време (0545 ГМТ), соопшти Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Оттаму додаваат дека не се пријавени жртви од земјотресот.
„Не е направена материјална штета во Сирт и Курталан. Спасувачките тимови продолжуваат да ги проверуваат руралните области“, изјави Осман Хаџибектасоглу, гувернерот на Сирт.
Тој рече дека по земјотресот, центрите на подрачјата и руралните населби се испитуваат за проценување на состојбата. Владата соопшти дека е во контакт со регионите, каде се лоцирани полициските станици.