Gökhan Ergöçün
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за индустрија и технологија додели сертификати за поттик на над 2.300 проекти во првата половина на 2019 година, инвестирајќи околу 58,4 милијарди турски лири (10,4 милијарди долари), јавува Anadolu Agency (AA).
Според Министерството, по реализирањето на овие проекти се очекува да бидат вработени над 93.300 лица.
Компаниите, чии проекти добија сертификати, се поддржани од Владата со стимулации како исклучување од плаќање данок или намален данок, премија на осигурување, ниски каматни стапки и земјиште.
Во текот на периодот јануари - јуни, производствениот сектор зеде најголем удел со речиси 1.500 поддржани проекти, додека другите поддржани проекти се од енергетскиот, секторот на услуги, рударството и земјоделскиот сектор.
Над 2.100 од вкупниот број проекти, кои претставуваат инвестиција од 51,44 милијарди турски лири (9,15 милијарди долари), се развиени од домашни компании.
Од проектите, 1.368 претставуваат нови инвестиции, 691 проект се инвестиции за проширување на дејноста, додека 245 проекти претставуваат друг вид на инвестиции.