Burhan Sansarlıoğlu
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Продолжувајќи со потрагата по алтернативни пазари за извоз, Турција во исто време ја зголемува својата извозна продажба на веќе постоечките пазари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Германија, која е водечкиот извозен пазар на Турција, ја задржува својата лидерска позиција и придонесува за рекордната продажба во странство.
Турција со извоз на стока во вредност од 1 милијарда и 832 милиони долари во Германија го урна извозниот рекорд на месечно ниво. На тој начин Германија продолжува да биде земја во која Турција остварува најголем извоз.
Извозот на Турција во Германија во месец април спореден со истиот период минатата година забележа раст од 20,8 отсто. Во исто време, извозот во Германија зазема 7,8 отсто од севкупниот извоз на Турција.
По Германија следуваат САД, земја во која Турција извезе стока во вредност до 1 милијарда и 530 милиони долари, Велика Британија со 1 милијарда и 107 милиони, Италија со 1 милијарда и 12 милиони долари и Шпанија со 980 милиони и 344 илјади долари.
Извозот на Турција во САД забележа зголемување од 50,2 отсто, во Велика Британија раст од 13,2 отсто, во Италија 23,3 отсто и во Шпанија, раст од 31,8 отсто.
- Автомобилската индустрија е сектор со најголеми побарувања -
Турција минатиот месец забележа најголем извоз во висина од 395.856.000 долари во автомобилската индустрија.
По автомобилската индустрија следуваат индустријата за облека и конфекција со 352.868.000 долари, индустријата за железо и обоени метали со 216.405.000 долари, индустријата за електрика и електроника со 140.271.000 долари, индустријата за хемиски супстанции и продукти со 129.388.000.
Најмал извоз со 730.000 долари е тутунската индустрија, извозот на други индустриски производи е во висина од 875.000 долари, услугите за бродови и јахти се во висина од 1.065.000 долари, извозот на украсни растенија и продукти е во висина од 1.854.000 долари, а секторите за маслинки и маслиново масло остварија извоз во висина од 4.427.000 долари.
- Највисок раст во извозот забележан кај цементот, стаклото, керамиката и глинените производи -
Најголем пораст на извозот во Германија со 102,1 отсто оствари секторот за цемент, стакло, керамика и глинени производи.
По овој сектор следуваат рударските производи со 76,4 отсто, производите од железо и обоени метали со 71,3 отсто, извозот на услуги за бродови и јахти со 55,5 отсто и извозот на свежо овошје и зеленчук со 51 отсто.
Извозот на секторот за цемент, стакло, керамика и глинени производи во Германија изнесува 54.266.000 долари, на рударските производи - 18.456.000, а извозот на секторот на свежо овошје и зеленчук изнесува 18.111.000 долари.
Најголемо намалување на извозот во Германија забележаа секторите на тутун со 25,2 %, лешници и производи од лешник со 14,7 %, морски и животински производи за со 11,7 %, извозот на теписи со 11,1 % и на накит со 10,9 %.
На германскиот пазар продажбата на лешниците и производите од нив изнесува 33.478.000 долари, на морските и животинските производи во висина од 9.986.000 долари, индустријата за килими - 12.668.000 долари и извозот на накит во висина од 12.709.000 долари.