Aysu Biçer
11 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турција ќе произведува беспилотни летала во објект што наскоро ќе биде изграден во Казахстан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Беспилотното летало „Анка“ кое се извезува во Казахстан, заеднички ќе го произведуваат турски и казахстански експерти“, се вели во соопштението на Турската аерокосмичка индустрија (ТУСАС).
ТУСАС потпиша Меморандум за разбирање со казахстанската државна компанија „Инженеринг за трансфер на технологија“, вклучувајќи одржување и поправка.
Најновиот развоен погон ќе го направи Казахстан прва производствена база на „Анка“ надвор од Турција.
„Благодарение на овој договор, ќе придонесеме за зајакнување на нашите трговски и пријателски врски со пријателската и братска земја Казахстан“, изјави генералниот директор на ТУСАС, Темел Котил.
Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот казахстански колега Касим Жомарт Токаев потпишаа заедничка декларација во главниот град Анкара со која билатералните односи се подигнуваат на ниво на „засилено стратешко партнерство“.
„Турција и Казахстан очекуваат 10 милијарди долари билатерален трговски обем“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.