Ekipa
14 Јули 2022•Ажурирај: 15 Јули 2022
ПАРИЗ (АА) - Франција презеде драстични мерки за да ги зголеми количините на складиран природен гас во обид да се справи со можноста за целосно прекинување на дотокот на рускиот гас, изјави францускиот министер за енергетика, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Презедовме мерки за да се зголеми складирањето на природен гас... со менаџирање на испораките на течен природен гас од сите делови на светот. Подготвени се да ни се обезбеди испорака и од Норвешка“, изјави Агнес Паниер-Руначер за „БФМ Бизнис ТВ“.
Речиси 17 отсто од снабдувањето со гас на Франција доаѓа од Русија.
„ГРТгас“, оператор за пренос на гас, во средината на јуни објави дека Франција повеќе не добива природен гас преку гасоводот од Русија. Во март, Париз разговараше со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, за да го диверзифицира увозот на гориво и гас.