Ekip
24 Август 2022•Ажурирај: 25 Август 2022
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги предупреди Французите да бидат подготвени за „жртвување“ и голема промена што ќе донесе „крај на изобилството“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Верувам дека она низ што минуваме е повеќе голема промена или голем пресврт“, рече Макрон на состанокот на Владата во Елисејската палата, мислејќи на серијата „сериозни кризи“, од Украина па до вознемирувачките последици од климатските промени како што е сушата.
Тој рече дека Франција сега го доживува „крајот на изобилството“ што се гледа од почетокот на пандемијата на Ковид-19 на почетокот на 2020 година во контекст на јавните финансии, недостигот на одредени материјали и прекините на синџирот на снабдување.
Тој ги предупреди Французите дека ќе мора да се соочат со последиците.
„Нашата слобода има цена, а понекогаш кога треба да се брани, тоа може да значи жртвување“, рече тој.
Макрон, исто така, ги повика членовите на француската Влада да дејствуваат сериозно и со кредибилитет додека се справуваат со кризата и „да не се предаваат на демагогијата“.