Gökhan Ergöçün
16 Август 2023•Ажурирај: 18 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Економијата на Холандија влезе во рецесија доживувајќи пад во вториот квартал од 0,3 отсто на квартална основа, јавува Анадолу.
Економијата на земјата е во пад втор квартал по ред, по падот од 0,4 отсто во првите три месеци од 2023 година.
Намалувањето на БДП, главно, се должи на падот на трговскиот биланс и потрошувачката на домаќинствата во земјата, соопшти Централното биро за статистика (ЦБС).
Од главните економии на Европската Унија, Германија, исто така, влезе во рецесија на почетокот на годинава.