Ahmet Gençtürk
23 Јуни 2023•Ажурирај: 24 Јуни 2023
АТИНА (АА) – Турците и Грците се согласуваат дека баклавата е одлична, но не се согласуваат околу тоа кој прв ја измислил, покажа неодамнешното истражување, јавува Анадолу.
Истражувањето, спроведено во Грција и во Турција помеѓу 14 и 16 јуни, во кое учествуваа над 1.800 луѓе, откри дека над 95 отсто од Турците тврдат дека баклавата е нивен деликатес.
Од друга страна, пак, над две третини од анкетираните Грци тврдат дека баклавата е нивна, додека една третина признаваат дека таа е турски деликатес.
Истражувањето покажа и дека варијантите за филот во баклавата се разликуваат меѓу соседните земји. Речиси 57 отсто од Грците баклавата ја сакаат со ореви, додека над 56 отсто од Турците претпочитуваат баклава со ф'стаци.
Во 2013 година баклавата од турски Газиантеп стана првиот турски производ регистриран во листата со заштитена ознака за потекло и заштитени географски ознаки, формирана од Европската комисија за промоција и заштита на квалитетни земјоделски производи.