Bedrudin Brlyavac
06 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
ОСЛО (АА) - Во Норвешка годинава во сообраќајка не загина ниту едно дете, покажаа последните официјални податоци, јавува Anadolu Agency (АА).
Советот за безбедност, изјави дека од јануари до декември оваа година, ниту едно дете на возраст под десет години не загинало во сообраќајка во таа нордиска земја.
Ако овие статистики останат исти до крајот на месецот, Советот посочи дека во 2015 година ќе биде првата година во која нема да има дете починато на патиштата во Норвешка.
Советот нагласи дека оваа статистика е резултат на многу строга контрола на сообраќајот, но и се поголемото одговорно однесување на родителите на патиштата.
"Луѓето имаат подобар став за возење, имаме подобри патишта и побезбедни возила од пред 15 години", рече директорот на советот.
Не само што 2015 година во Норвешка може да биде првата година во која нема починато дете, туку таа земјата е на добар пат да има најмал број на загинати во сообраќајни несреќи.
До крајот на ноември во сообраќајни несреќи загинале 113 Норвежани, а минатата година тој број изнесувал 147.