Alma Çekovic
04 Јануари 2016•Ажурирај: 07 Јануари 2016
ОСЛО (АА) - Медицинска асоцијација во Норвешка (Legeforeningen - NMA) до 2035 година сака оваа скандинавска земја да егзистира како целосно непушачко општество, и како прв чекор кон оваа цел предложи забрана за продажба на тутунски производи на сите луѓе родени од 2000 година, јавува Anadolu Agency (АА).
Претседателката Марит Хермансен за норвешкиот "Aftenposten" изјави дека конзумирањето на тутунски производи, како такво, не е основно човеково право.
"Долго време имаме политика на постепено укинување на пушењето до 2035 година. Ова е мерка со цел да се постигне таа цел. Ние сакаме генерации без тутун", изјави Хермансен.
"Не треба да се забрани пушењето, но сакаме младите луѓе да не започнат со употреба на тутунот". Министерот за здравство изјави дека главна цел е да се оттргнат младите луѓе од пушењето. Ова значи дека кога новите генерации ќе остарат, тие нема да можат да купуваат производи од тутун во Норвешка", рече Хермансен.