Sümeyye Dilara Dinçer
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
КОПЕНХАГЕН (АА) - Шестмина муштерии и вработените во компанијата која се занимава со дизајн на мебел и предмети за домаќинство во Данска останаа заглавени во продавница за мебел поради неповолните временски услови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува „Си-ен-ен“ (CNN), шестмина муштерии и 24 вработени морале да преспијат во продавница поради снежната бура во градот Алборг.
Спиеле на креветите кои се во понудата за продажба.
Менаџерот на продавницата, Петер Елмос, рече дека спиеле во просторијата во која е изложен мебелот и друг ентериер за спални соби.
Елмос рече дека ноќта ја поминале јадејќи и гледајќи телевизија, што, донекаде, како што кажа, било забавно, но и смешно.