Emre Aytekin
26 Април 2019•Ажурирај: 29 Април 2019
АНКАРА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека генерално во светот еден од 4 возрасни бил подложен на физичко насилство како дете, кај жените секоја 5-та, а кај мажите еден од 13 возрасни бил жртва на сексуално насилство, пренесува Anadolu Agency (AA).
СЗО објави иконографија која ги содржи најновите податоци за физичко насилство, сексуална злоупотреба и емоционално и психичко насилство, со цел да се привлече внимание на лошиот третман кон децата.
Според тоа, минатата година, 23 отсто од децата во светот биле физички малтретирани, 36 отсто се соочиле со емоционално и психолошко насилство, 26 отсто со сексуална злоупотреба, додека 16 проценти биле запоставени.
Кај возрасните кои биле изложени на насилство и малтретирање како деца зголемен е ризикот да бидат сторители на насилство или да бидат жртви на насилство, да имаат сексуални болести и неконтролирана бременост, а исто така да бидат зависни од цигари, дрога и алкохол. Кај нив зголемен е и ризикот за депресија и зголемување на телесната тежина.
Секоја година 41 илјада деца под 15-годишна возраст се жртви на убиства. Земјите каде што децата најчесто се изложени на насилство се: Кенија, Зимбабве, Хаити, Танзанија, Малави и Камбоџа.