Amina Zorniç
03 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
ЛОНДОН (АА) – За прв пат во историјата, бројот на гојазни луѓе го надмина бројот на неухранетите жители на Земјата, тврди најновата здравствена институција на истражувачкиот универзитет Империјал Колеџ во Лондон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето кое наведува дека дебелината е глобален проблем, е спроведено на повеќе од 19 милиони мажи и жени од над 180 земји врз основа на споредување на индексот на нивната телесна тежина во периодот од 1975 до 2014 година.
Според резутатите, 10,8 отсто мажи и 14,9 отсто жени на глобално ниво се гојазни. Од друга страна, 8,8 отсто мажи и 9,7 отсто жени се неухранети.
Просечната ознака БМИ или Индексот на телесна тежина за мажи и жени е исто така покачен од 21,7 на 22,1 за мажи и од 24,2 на 24,4 за жени.
Според резултатите од истражувањето, во 2014 година во светот имало 266 милиони гојазни мажи и 375 милиони гојазни жени.
Најмногу гојазни жители во светот, како што се наведува во истражувањето, имаат Соединетите Американски Држави.