İdris Sülün
29 Септември 2021•Ажурирај: 30 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Касетата на која е снимена необјавена песна на Џон Ленон, член на светски познатиот бенд „Битлси“, беше продадена на аукција во Копенхаген, главниот град на Данска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), касетата која припаѓа на Џон Ленон и Јоко Оно е продадена за 58.300 долари на аукција во Копенхаген.
Касетата, која трае 33 минути, е снимена од четворица дански тинејџери, пред повеќе од 50 години, неколку месеци пред распадот на групата „Битлси“.
Се наведува дека касетата вклучува интервју со Ленон и Оно и претходно необјавена песна на Ленон.
Неидентификуваниот купувач понудата ја доставил преку телефон. Заедно со касетата добил и фотографија на Ленон со учениците и училишниот весник.