Nuri Aydın
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Во рамки на истражувањето извршено од страна на универзитетите во Бафало и Порторико, научниците открија дека регуларната употреба на кромид и лук во сурова форма секој ден за 67 отсто го намалува ризикот од ракот на дојката кај жените, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците ја испитуваат дневната исхрана на над 600 жени на возрасна група од 30 до 79 години во Порторико, а според овие наоди, компонентата која се наоѓа во лукот наречена алицин, ја спречува неконтролираната поделба на клетката.
Во рамки на ова истражување, кај лицата кои консумираат кромид и лук во сурова форма, за 67 отсто се намалува ризикот од ракот на карцином во споредба со лицата кои воопшто не ги консумираат.
Истражувачите нагласија дека варениот кромид и лук во голема мера ја губи карактеристиката за спречување на карциномот.
Од друга страна, научниците истакнаа дека кромидот и лукот може да го намали и ризикот од ракот на белите дробови, ракот на простатата, како и ризикот од ракот на желудникот.
Ова истражување е објавено во списанието „Храната и канцерот“ (Nutrition and Cancer).