?????
31 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
СКОПЈЕ(АА)- Секојдневно известувајќи од Македонија, Косово,Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора,Хрватска и Словенија фоторепортерите на Anadolu Agency (AA) низ своите објективи ги следеа најважните настани во текот на 2015 година, но забележуваа и некои несекојдневни глетки.
Во голем број дневно-политички настани, посети и состаноци на државните функционери, фоторепортерите на АА успеаа да ги прикажат и убавините на пејсажите, реките, планините, езерата на овој дел од Европа фотографирајќи ги од необични агли.
Деноноќно ги следеа движењата на бегалците низ балканската рута, укажувајќи на тешкотиите со кои овие луѓе се соочуваат, неретко мачени со студ и глад.
Фотографиите на градските шеталишта исполнети со луѓе, плоштади, сообраќајници, мостови, возови, старите камени тврдини, етно селата, кои се исто така дел од најдобрите прикажувања на Балканот.
Фоторепортерот на АА така ги направи првите ноќни фотографии на Штрбачки бук кој важи за најубавиот водопад на реката Уна.
Единствена е и фотографијата на сараевската котлина исполнета со магла над која летаат птиците. Патувајќи низ пределите на југоисточна Европа фоторепортерите на АА ја забележија и неизбежната традиција на прославите на празниците која зборува за различностите на балканските народи.