Barış Gündoğan
31 Декември 2015•Ажурирај: 01 Јануари 2016
АНКАРА (АА)- Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган за време на посетата во Саудиска Арабија денеска изјави дека должноста на Турција е да им помогне на Туркмнените кои се изложени на нападите на режимските сили во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
"Туркмените во Бајирбуџак се на мета на нападите на злосторникот Башар ал-Асад кој во Сирија усмрти 400 илјади луѓе. Наша должност е, Турција, како нација, да им помогне на нашите браќа" , рече турскиот претседател.
Зборувајќи за антитерористичките операции на југоистокот на Турција, Ердоган рече дека неговата земја е во состојба да се избори со секој вид безбедносна закана.
"Силите на безбедност ги чистат планините но и градовите од терористите и така ќе продолжат. Во 2015 во Турција и надвор од неа неутрализирани се 3.100 терористи" , рече Ердоган.