Aida Cako
27 Јануари 2026•Ажурирај: 29 Јануари 2026
МИЛАНО (АА) - Најдолгиот чоколаден воз во светот влезе во Гинисовата книга на рекорди во Милано, Италија, јавува Анадолу.
Чоколадниот воз, со должина од 55,27 метри и тежина од 23 квинтали (2.300 килограми), е изложен на Пјаца Чита ди Ломбардија.
Рекордната креација е дизајнирана од италијански и малтешки мајстори готвачи на колачи, во придружба на млади ученици од училиштата и центрите за стручна обука.
Проектот е дело на Ендру Фаруџа, слаткар од Институтот за туризам во Малта (ITS Malta), чие творештво сега влезе во книгaта на рекорди.